Одложена визната либерализација на Косово | Правдико

Правдико

   

Одложена визната либерализација на Косово

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Европратеничката и известувач за визниот режим за Косово Тања Фајон соопшти дека се одлага визната либералзиација за граѓаните на оваа земја.

0FC51D743B15B74CBC070EB1E869A1A2

– Одложено е гласањето за визна либералзиација на Косово од 12 јули за 5 септември. Гласањето најмногу зависи од ратификацијата на спогодбата за демаркација на границата со Црна Гора. Жал ми е, но оваа одлука ја донесов бидејќи не е забележан никаков потребен напредок кога се однесува на исполнувањето на последните критериуми, посебно рафикацијата на спогодбата за демаркација на границата со Црна Гора. Искрено очекувам Парламентот на Косово да ја ратификува оваа спогодба што е можно побрзо, дури и пред летниот одмор, бидејќи тоа ќе ми овозможи да предложам одлука на есен и ќе обезбедам целосна поддршка во Комитетот за мојот предлог за укинување на визите за Косово, изјави Фајон, пренесува приштинскиот весник „Експрес“.

Таа нагласува дека ќе продолжи со напорите да му помогне на Косово на неговиот пат за слободно движење без визи, бидејќи, како што наведува, слободното движење, вклучувајќи и патувања без визи во земјите на Шенген зоната ,е она што луѓето го заслужуваат, посебно младите.

Министерот за евроинтеграција Беким Чолаку, ваквата одлука ја оцени како очекувана поради неизгласувањето на спогодбата за демаркација на гранциата со Црна Гора, што било и главен услов за добивање визна либерализација.

– Изјавата на Фајон треба да се земе како последно предупредување дека спогодбата за границата со Црна Гора треба се случи доколку граѓаните на Косово сакаат да патуваат без визи. Тоа е еден јасен експлицитен услов, изјави Чолаку за телевизијата Клан Косова.

Тој упати апел до политичарите во земјата да не го држат во заложништво слободното движење на граѓаните, бидејќи нема компромис за прашања кои се бараат од Унијата.

Извор: Утрински Весник

Препорачуваме

Партнери на Правдико