Правдико

   

Вклучување деца во политичка кампања е недозволиво

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Државниот совет за превенција на детско престапништво укажува дека вклучувањето  деца (лица до 18 години) во какви било активности поврзани со тековната политичка кампања е недозволиво и не е во најдобар интерес на детето согласно Конвенцијата за права за децата.

Грижата за децата треба да се остварува преку обезбедување законски и институционални услови за нивен правилен раст, развој и воспитание, грижа за отстранување на изворите на ризици.

Сé останато претставува нивна злоупотреба и повредување на правата на децата.

Државниот совет потсетува дека Изборниот законик (чл. 183) предвидува глоба од 8.000 евра за радиодифузерот и 30 отсто од одмерената глоба за одговорното лице на радиодифузерот доколку биде објавено изборно пропагандно известување со учество на деца.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико