Вкрстувањето заврши, теренската проверка на списокот – нов предизвик за ДИК
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Вкрстувањето на податоците во избирачкиот список е завршено, а утре на седница на Државната изборна комисија треба да се презентираат податоците од ИТ-секторот и да се изгласа извештајот, информираат неофицијално од ДИК за „Мета“. Откако извештајот ќе биде изгласан, треба да се потврди методологијата според која ќе се врши теренската проверка.
– Треба да се види колку спорни имиња се излезени од вкрстената проверка на податоците. Потоа треба да се одлучи колку тимови ќе се формиираат, па на тимовите да им се направи обука, па дури тогаш да почне проверката. Постои можност при теренската проверка да се наиде на разни случаи, на пример, некои да не сакаат да отворат врата. Значи, има пред нас уште многу предизвици – велат неофицијално од ДИК.
Засега никој од ДИК не сака да обелодени колку спорни гласачи произлегоа од избирачкиот список, кој треба да биде заклучен на 17 април, кога ќе биде ставен на увид на граѓаните.
Извор: Мета