Вкупно 23 лица во Скопје обвинети за прекршување на полицискиот час | Правдико

Правдико

   

Вкупно 23 лица во Скопје обвинети за прекршување на полицискиот час

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе предлози за издавање казнени налози против 23 лица, обвинети за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Спротивно на Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија, за време на определeниот полициски час, лицата се движеле на различни локации во градот.

За сите обвинети обвинителството предложи парични казни од 100 дневни глоби во висина од по 20 евра во денарска противвредност.

Препорачуваме

Партнери на Правдико