Вкупно 33 години затвор за обвинетите во случајот „Ореше" | Правдико

Правдико

   

Вкупно 33 години затвор за обвинетите во случајот „Ореше”

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

CB7C2EDC65B72B4486BB4A307EDB015DТринаесет години затвор за нарачателот Ѓоре Петровски и по десет години затвор за браќата Љупчо и Ордан Ѓеорѓиевски, обвинети за убиството на седумдесет и седум годишниот Лазо Милошовски од Ореше.

Ваква пресдуда денеска донесе судскиот совет во велешкиот суд, откако ги слушна завршните зборови на обвинителството и одбраната.

За време на објавувањето на пресудата, првообвинетиот Ѓоре Петровски не беше присутен во судницата, но браќата Ѓеорѓиевски со меверување ја примија одлуката. Едниот од нив, Ордан Ѓеорѓиевски, уште во судницата им се обрати на роднините на убиениот старец велејќи им дека убиецот е во нивното семејство.

За него денешната пресуда е спротивна на онаа од Апелација и ќе ја обжали. За бранителот на браќата Ѓеорѓиевски, Ѕвонко Давидовиќ пак ваквата одлука е срамна и покажува дека судството во Македонија е спаднато на ниски гранки. Според него, велешкиот суд калкулира, бидејќи за вакво дело казната е доживотен затвор.

Инаку велешкиот суд по четврти пат им суди на обвинетите за убиството во Ореше.

Овој судски процес кој траеше седум години го следеа низа контраверзности, од откривање на идентитетот на заштитениот сведок па се до затворски казни за судии, обвинител и новинарот Кежаровски.

Извор: 24Вести

Препорачуваме

Партнери на Правдико