Владата бара да прераспределува пари од буџетот без да се прави ребаланс при непогоди | Правдико

Правдико

   

Владата бара да прераспределува пари од буџетот без да се прави ребаланс при непогоди

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Во Собранието денеска ќе се расправа по предлог-законот за изменување и за дополнување на Законот за буџет. Новина е тоа што Владата бара во време на непогоди да одлучува за прераспределба на пет проценти од буџетот, без одобрение од Собранието, односно без да се прави ребаланс.

sobrani11

Причина за оваа измена на Зконот за буџет, според образложението на Владата, е брзо обезбедување пари во кризни ситуации, како што е сегашната.

„Во случај на постоење на кризна состојба, одобрените средства во постојната буџетска резерва може да се зголемат со прераспределба на средства само помеѓу министерствата и другите органи на државната управа, за што одлучува Владата на Република Македонија, но намалувањето може да биде најмногу до пет проценти од постојните буџетски средства на министерствата и на другите органи на државната управа и притоа да не се наруши нивното редовно функционирање и вршење на утврдените законски надлежности, за разлика од другите случаи кога одлучува Собранието на Република Македонија“, стои во образложението за измените на Законот.

Опозицијата обвинува дека ова е уште еден начин за нетранспарентно трошење на парите.

Извор: Мета

Препорачуваме

Партнери на Правдико