Владата ги ублажи рестрикциите: Во работните денови полициски час од 19 ч. до 05 ч. наутро | Правдико

Правдико

   

Владата ги ублажи рестрикциите: Во работните денови полициски час од 19 ч. до 05 ч. наутро

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Владата на денешната седница донесе неколку одуки во насока на намалување на рестрикциите во движењето.

Почнувајќи од утре, четврток, 23 април секој работен ден, од понеделник до петок ќе биде дозволено движењето на граѓаните од 05:00 часот наутро до 19:00 часот. Забраната за движење во целата држава ќе почнува во 19 часот и ќе трае до 05 часот наутро. За лицата над 67 годишна возраст ќе биде дозволено движење секој работен ден од 05 часот наутро до 12 на пладне. Младите лица до 18 години ќе може да излегуваат од понеделник до петок од 13:00 до 19:00 часот.

„Се намалува и ограничувањето на движење за време на викендите. Од сега забраната за движење за викенд ќе почнува од 15:00 часот во сабота, а ќе трае до понеделник до 05:00 часот наутро. Во сабота, за лицата над 67 годишна возраст ќе биде дозволено движење од 05 часот наутро до 11 часот наутро. Во сабота, младите лица до 18 години ќе може да излегуваат од 12:00 до 15:00 часот“, објави техничкиот премиер Оливер Спасовски на својот фејсбук профил.

Извор: НоваТВ

Партнери на Правдико