Владата го предложи Љубомир Јовески за нов јавен обвинител
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Владата го предложи Љубомир Јовески за нов јавен обвинител. Како што информираат од владината прес-служба, на денешната седница е донесен заклучок со кој Владата ќе му предложи на Собранието да го именува Љубомир Јовески за јавен обвинител на Република Македонија.
Јовески е актуелен член на Советот на јавните обвинители.
„Владата оваа одлука ја донесе, освен врз основа на професионалната биографија на Љубомир Јовески, и врз основа на позитивното мислење на Советот на јавните обвинители“, се додава во соопштението.
Извор: Макфакс