Владата го утврди законот за ратификација на Договорот со Бугарија
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Владата на вчерашната седница го разгледа и утврди Предлог-законот за ратификација на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија.
Како што информира владината прес-служба, Предлог-законот ќе биде доставен до Собранието на Република Македонија.
Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија, го потпишаа премиерите на двете земји Зоран Заев и Бојко Борисов на 1 август годинава во Скопје.
Договорот ќе стапи во сила откако ќе биде ратификуван во парламентите на двете земји.
Извор: Нова Македонија