Владата ќе добие и нова барокна ограда од 690 илјади евра | Правдико

Правдико

   

Владата ќе добие и нова барокна ограда од 690 илјади евра

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Владата на Република Македонија ќе се затвори со ограда во вредност од 690.000 евра, откако објектот беше реконструиран од темел со што доби ново издание во барокен стил со фасада од бел полиуретан.

30122014182507_nova-fasada-na-vlada-3

Владината Служба за општи и заеднички работи, која управува со тендерските постапки, распиша оглас на кој се бара фирма која ќе ги изведе „градежните и градежно-занаетчиски работи за оградување на објектот“.

Со овој тендер се зголемува сумата потрошена за реновирање на владиниот објект. Сметката до сега достигна цифра од 16 милиони евра. Претпоследниот склучен договор беше за ентериерно уредување на само една коцка од комплексот, а во вредност од 4 милиони евра.

За сега не е познато во каков стил ќе биде оградата која ќе се најде околу објектот.

Оваа зграда, инаку, беше претпознатлива, меѓу другото, и по пространото партерно уредување кое ја спојува со кејот на Вардар и со мостот „Гоце Делчев“ со што се формира јавен простор кој функционира како плоштад. Оградувањето би ја променило целосно композицијата на просторот, откако веќе беше во целост променет изгледот на објектот. Изворниот изглед на Владата беше дело и наградуван труд на македонскиот архитект, Пeтар Муличковски.

Извор: Нова Македонија 

Препорачуваме

Партнери на Правдико