Владата ќе ги разгледува измените на Законот за заштита на укажувачи | Правдико

Правдико

   

Владата ќе ги разгледува измените на Законот за заштита на укажувачи

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Владата на Република Македонија денеска ќе ја одржи својата 48. седница на која на предлог на Mинистерството за правда министрите ќе го разгледаат предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на укажувачи по скратена постапка.

На дневен ред е ставен и предлог-законот за ратификација на Дополнителниот протокол 5 на Договорот за изменување и пристапување на Централно-европскиот договор за слободна трговија.

Министрите, во рамки на седницата, исто така ќе ја разгледаат и информацијата за реализација на препораките на ГРЕКО (група на држави против корупција) на Советот на Европа дадени со Извештајот за евалуација на Република Македонија на тема: „Превенција на корупцијата кај членовите на парламентот, судиите и обвинителите“.

Како точки за информирање, на денешната седница, меѓу другите, ќе биде разгледана информацијата за зголемување на придонесот на Република Македонија во мисијата на НАТО во Авганистан „Одлучна поддршка“.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико