Владата ќе расправа за измените на Законот за азил | Правдико

Правдико

   

Владата ќе расправа за измените на Законот за азил

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Владата денеска ќе ги разгледува законските измени на Законот за азил, со кој се предлага сите мигранти да имаат 72 часа да одлучат дали ќе побараат азил во земјава или ќе ја напуштат.

112711

Од исходот на седницата зависи дали премиерот Груевски ќе стави потпис со дознака итно, или тие измени ќе му бидат доставени на парламентот следниот ден за да се процесуира во редовна постапка.

Иако голем дел од мигрантите безбедно ја поминуваат земјава, сепак голем е и бројот на оние чии судбини се преполни со страдања.

Откако ќе паднат во рацете на полицијата голем дел од нив завршуваат во прифатните центри, каде условите се неподносливи.

Народниот правобранител констатираше дека состојбата во центрите е катастрофална. Според податоците низ Македонија секојдневно поминуваат околу 3.000 илегални мигранти, кои најчесто потекнуваат од Сирија, но и од Авганистан и од африканските земји.

Извор: 24Вести

 

Препорачуваме

Партнери на Правдико