Правдико

   

Владата на БиХ ќе поведе тужба против Република Српска

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Владата на Федерацијата БиХ, денеска, му дала согласност на Федералното министерство за финансии да поведе тужба против Република Српска тврдејќи дека Федерацијата била оштетена при распределбата на приходите од индиректните даноци, пренесуваат босанските медиуми.

Оваа одлука е донесена едногласно на седница на владата.

Пред еден месец владата на Република Српска поднесе во босанскиот суд тужба против Федерацијата БиХ поради долг од распределбата на приходите. Како што соопштија тогаш од владата на РС, тужбата е поднесеа за надомест на штета од 34.571.047 конвертибилни марки и се односува на периодот од јули 2017 до декември 2018 годинз.

Сараевскиот портал „Кликс“ претходно пренесе дека станува збор за тужбено барање од 32 милиона конвертибилни марки.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико