Владата одлучи – полицискиот час останува на сила до 6 април
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Владата денеска одлучи воведениот полициски час во периодот од 22 до 5 наутро да го продолжи до 6 април.
Полицискиот час првично беше воведен на 10 март со најава дека ќе важи до 22 месецов, но со денешната одлука е продолжен за уште две недели. Одлуката е донесена по препорака на Комисијата за заразни болести, која согласно епидемиолошките анализи утврдила дека е потребно продолжување.
Полицискиот час најпрво беше воведен со образложение дека изминативе недели најмногу инфицирани има поради трансмисија на вирусот преку собири, но и непочитување на воведените мерки за носење заштитна опрема, држење растојание и негрупирање.
Властите и овој пат апелираат до граѓаните да ги почитуваат здравствените мерки и протоколи за заштита од Ковид-19.
Извор: Макфакс