Правдико

   

Владата планира да потроши 80 милиони денари за кампањата за референдумот

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Владата ќе обезбеди 80 милиони денари или речиси 1,3 милион евра за кампањата за референдумот. Доколку на крајот на кампањата останат пари од оваа сума, тие ќе бидат вратени во буџетот. За кампања преку социјалните медиуми – „Фејсбук“, „Инстаграм“, „Твитер“, „Фликр“ и „Јутјуб“, пак, Владата планира да потроши 400.000 денари од редовниот буџет на Генералниот секретаријат на Владата.

„На денешната, 84. редовна седница, Владата донесе одлука со која го задолжи Министерството за финансии да подготви предлог-одлука за обезбедување 80 милиони денари од тековната буџетска резерв,а кои ќе му бидат ставени на располагање за спроведување кампања, врз основа на одобрен план, на Собранието на Република Македонија како овластен предлагач на референдумот. Доколку на крајот на кампањата има непотрошени средства, тие ќе бидат вратени во буџетот на Република Македонија“, велат од Владата.

Во врска со распишаниот референдум, Владата преку процес на планирана јавна комуникација ќе ги прикажува, како што велат од таму, добивките за граѓаните од влезот на Македонија во Европската Унија и НАТО. Во кампањата Владата ќе го објаснува и договорот за решавање на македонско-грчкиот спор за името и ќе ги повикува граѓаните да го остварат правото на гласање.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико