Владата повикува на дебата, професорите бараат присуство на студентите | Правдико

Правдико

   

Владата повикува на дебата, професорите бараат присуство на студентите

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Во пресрет на денешната дебата организирана од Владата, Професорскиот пленум упати отворено писмо до ректорот на Скопскиот Универзитет Велимир Стојковски во кое побара  јавно да застане во одбрана на дигнитетот на Универзитетот и да укаже на хајката која се води против професорите.

101300

– Свесни сме дека поканата упатена од Владата за разговор само три дена пред второто читање на Законот во Собранието е фрлање прашина в очи и создавање привид на дијалог со нас, како академска заедница.Ние со индигнација одбиваме да им дадеме легитимитет пост фестум- велат професорите во писмото до Стојковски.

Ректорот, експресно им одговори. Вели дека во ситуација кога сите бараат дебата, тој не гледа разлика меѓу телевизиска дебата, што ја бараа од професорскиот пленум, и таа што ќе се одржи утре, на која се поканети и по 5 професори од пленумот и контрапленумот.

– Не гледам зошто едната би била “фрлање прав“, а другата не. Зошто дебатата во склоп на Интеруниверзитетскатаконференција би била „пост фестум”,  а дебатата на ТВ тоа не би била?-пишува ректорот Стојковски во одговорот.

Тој уште вчера ја прифати поканата на Адеми, а на утрешната дебата планираат да се појават и професори од Професорскиот пленум. Но не за да водат суштинска дебата, туку да објаснат во какви услови и со какви притисоци се соочија професорите кои застанаа во одбрана на студентите.

Студентите од Пленумот не се поканети на утрешната дебата и неизвесно е дали ќе им биде  дозволено да присуствуваат.

Во пресрет на утрешната дебата, се проширува и списокот на професори обединети околу иницијативата за поддршка на реформите. Деновиве се приклучиле уште триесетина на веќе потпишани околу 200.

Предлог Законот за високо обраозование во четврток на 8-ми јануари повторно се враќа на матичната собраниска комисија на второ читање.

Извор: 24Вести

Препорачуваме

Партнери на Правдико