Владата прогласи кризна состојба во траење од 30 дена поради зголемената појава на пожари
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Владата на денешната 95. седница, која се одржа изутринава, донесе одлука за постоење кризна состојба на територијата на Република Северна Македонија во траење од 30 дена.
Одлуката е по предлог на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи, чии членови на седницата, која се одржа на 4.8.2021 година во попладневните часови, го прифатија предлогот на групата за процена за утврдување постоење кризна состојба на територијата на Република Северна Македонија поради зголемената појава на пожари, соопштија владините служби.
Одлуката за постоење кризна состојба на територијата на Република Северна Македонија поради зголемената појава на пожари и спречување од нивно ширење во траење од 30 дена е донесена со оглед на потребата од рационално користење на националните ресурси и координираното дејствување на сите засегнати институции поради зголемената појава на пожари и спречување нивно ширење.
За одлуката, ќе бидат известени претседателот на Република Северна Македонија и Собранието.
Заради операционализирање на одлуката, Владата донесе заклучоци:
– На претседателот на државата да му предложи да одлучи за учество на дел од припадниците на Армијата на Република Северна Македонија во справување со кризната состојба;
– Главниот штаб при Центарот за управување со кризи (ЦУК) веднаш да почне подготовка на акциски план за превенција и справување со пожарите, како и целосен преглед на расположливи човечки и материјално-технички ресурси и план за координирано дејствување;
– Министерството за внатрешни работи, Армијата на Република Северна Македонија, Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување и Министерството за здравство со сите други засегнати државни институции, како и единиците на локалната самоуправа во Република Северна Македонија, да ги стават на располагање сите расположливи капацитети и ресурси што може да се стават во функција за справување со кризната состојба;
– Владата го задолжи Главниот штаб при ЦУК да определи лице за односи со јавност, кое на дневна основа ќе ја известува јавноста во врска со превенцијата и справувањето со пожари на територијата на Република Северна Македонија.
Извор: Макфакс