Владата со прв чекор затворање на обложувалниците, ќе расправа за онлајн игри на среќа
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.На предлог од Министерството за финансии, Владата ќе ја разгледа иницијативата за онлајн игри на среќа, како прв чекор за затворање на обложувалниците. Министерката за финансии, Нина Ангеловска, најави дека иницијативата ќе се најде сега пред Владата, иако ова решение го има и во постојната регулатива.
„ Ова е иницијатива на која се работеше изминатиот период, меѓутоа ова не е нешто сосема ново затоа што ако го погледнете постојното законско решение и тоа содржи одредби и членови за онлајн игри на среќа вклучително и онлајн обложување, казина и автомат-клубови. Ова стоеше во законското решение, но не беше имплементирано во пракса. И пред кризната состојба беа изработувани одредени компаративни анализи бидејќи сите земји го имаат овозможено и ова е од една страна важно во овој период од аспект на тоа дека 8.000 лица работат во индустријата, а од друга страна затоа што е нешто што во секој случај би било имплементирано и во насока на подобрување на регулативата. И така треба да се гледа. Доколку е контролирана средината, доколку имаме јасна и прецизна регулатива ќе можеме да се справиме и со овој проблем – физичките локации кои стануваат сè почести и повеќе ги има заедно со оние уплатно-исплатни места“, рече министерката Ангеловска.
Околу 40 милиони евра се прибираат во буџетот по основа на посебна давачка којашто ја плаќаат приредувачите на игри на среќа, којашто изнесува околу 23 % од кои 20 % одат во буџетот, а три проценти се делат во другите институции. Дополнително средства се слеваат и по основ на данок на доход од игри на среќа којшто учествува со 10 проценти во структурата на вкупниот прибран персонален данок.
„Се работи за подобрување на регулативата и јас сметам дека во период на вонредна состојба ние можеме да имаме предвид дека нови решенија ќе бидат воведувани, дека треба да се обидуваме да пилотираме, да наоѓаме начини да адаптираме многу од постојните процеси како што тоа ќе го прават многу од бизнисите и секако да носиме одлуки ако сметаме дека се за доброто на државата од секој аспект“, рече министерката Ангеловска.
Повеќе детали за онлајн игрите на среќа најави откако Владата ќе расправава по иницијативата.
Извор: Макфакс