Владата во вторник ќе ги именува новите директори на УБК и на БЈБ | Правдико

Правдико

   

Владата во вторник ќе ги именува новите директори на УБК и на БЈБ

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

vlada-na-rmНовите директори на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) и на Бирото за јавна безбедност (БЈБ) ќе бидат познати во вторник, за кога е закажана редовна седница на Владата, потврди за „Мета“ владиниот портпарол, Александар Ѓорѓиев.

На оваа седница треба да бидат именувани наследниците на Сашо Мијалков и на Митко Чавков, на овие две високи позиции во Министерството за внатрешни работи.

– Редовна седница на Владата ќе се одржи во вторник, на која, како дел од дневниот ред, ќе биде поставено и прашањето за именување директори на УБК и на БЈБ – ни изјави Ѓорѓиев.

Овие две високи позиции во МВР останаа празни откако Сашо Мијалков си поднесе оставка на местото директор на УБК, а досегашниот директор на БЈБ, Митко Чавков, беше именуван за министер за внатрешни работи, по оставката на Гордана Јанкулоска.

Извор: Meta.mk

Партнери на Правдико