Владимир Панчевски не дојде на суд да одговара за мобинг
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Поранешниот претседател на скопскиот кривичен суд, Владимир Панчевски, во вторник не се појави на судењето на кое се јавува како тужен за мобинг врз негов вработен.
Наместо Панчевски, во Основниот суд Скопје 2-Скопје дојдоа неколкумина адвокати кои што тој ги ангажирал. На подготвителното рочиште адвокатот Димитар Дангов, пред судијката Холда Мешкова, изјави дека тие немаат поднесен писмен одговор по поднесената тужба и дека одговорот ќе го дадат по усна форма. На ваквиот предлог на одбраната на тужениот Панчевски реагираше правниот застапник на тужителот Горан Стаменковски, адвокатот Душко Јанковиќ, кој побара одговорот да биде во писмена форма за да може да приговора по него, а потоа предложи нови докази, односно сведоци и вешт наод и мислење за состојбата на неговиот штитеник. Јанковиќ рече дека доколку нема одговор по тужба, судот има можност и без него да донесе пресуда.
„Законот е јасен и не може да го толкува кој како сака. Бараме одговорот да биде во писмена форма, а судот нека им даде рок за одговор и со тоа ќе прекинеме со реплики“, рече адвокатот Звонко Давидовиќ, адвокат на тужителот Стаменковски.
Судот ги прифати сугестиите и донесе решение Владимир Панчевски, односно неговите адвокати, во рок од 15 дена, да достават одговор по тужба во писмена форма, по што судењето беше презакажано за 24. овој месец.
Извор: Макфакс