Владимир Талески им овозможил на фирми да вршат превоз на патници без да плаќаат надомест | Правдико

Правдико

   

Владимир Талески им овозможил на фирми да вршат превоз на патници без да плаќаат надомест

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Поранешниот градоначалник на Битола, Владимир Талески, им овозможил на две фирми да вршат превоз на патници без да плаќаат надомест за линиски превоз, со што го оштетил буџетот на општината за околу 800 000 денари.

Според информациите на МВР, против Талески е поднесена кривична пријава за несовесно работење во службата. Тој во периодот од 2015 до 2017 година, спротивно на Законот за локална самоуправа, дозволил две правни лица да бидат ослободени од плаќање месечен надомест за вршење линиски превоз на патници во општина Битола, со што нанел штета на општината во висина од 799 200 ден.

Покрај ова, соопшти МВР, со потпишување договори со превозници и правни лица кои користат услуги неосновано створил побарување на општината од 11.329.253 денари. Исто така, по завршување на проектот „Реконструкција на автобуски стојалишта“ не презел дејствија за вршење на надзор за одржување на автобуските постојки.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико