Правдико

   

Владимир Талески останува во куќен притвор

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Vladimir-TaleskiВладимир Талески останува во куќен притвор. Апелација ја одби жалбата на битолскиот градоначалник кој бараше да биде ослободен додека трае кривичната постапка за случајот Транспортер. Тричлен совет во Апелација, со кој претседаваше претседателката на судот Лилјана Шопова денеска денеска ја потврди одлуката на кривичниот совет.

Талески веќе деветти ден е во домашен притвор. Пред три дена Специјалното обвинителство и адвокатите на Талески ги спротиставија аргументите на јавна расправа во Апелација. СЈО стравуваше дека битолскиот градоначалник може да избега и затоа побара притвор, иако неговите адвокати гарантираа дека тој ќе остане во Македонија до крај на постапката.

Домашниот притвор на Талески предизвика и протести кои ги организираше ГДОМ, кои порачаа судиите да носат одлуки без страв. Во меѓувреме општина Битола остана без негов официјален заменик. Неговите сопартијци не предложија ниту еден член кој би можел да седне на градоначалничката фотелја во Битола, надевајќи се дека Апелација ќе му го укине куќниот притвор.

Талески е првоосомничен во акцијата Транспортер. Според СЈО тој ја злоупотребил службената положба и направил 81 противправно дело со незаконски тендери за транспорт на учениците во Битола.

Извор: 24 Вести

Партнери на Правдико