Власта и опозицијата постигнаа договор за реформите во судството
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Работните групи на власта и опозицијата ги усогласија ставовите во врска со реформските закони за судовите и за Судскиот совет.
Собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците на седницата ги разгледуваше амандманите што се носат без дискусија.
За првата точка, за предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за судовите, беа поднесени 14 амандмани, од кои седум беа прифатени.
Несогласувањата на владејачкото мнозинство и на опозицијата беа во однос на дисциплинската постапка за судиите.
Еден од клучните амандмани предвидува зголемување на основите за разрешување на судиите и тоа доколку не ги применуваат пресудите на Европскиот суд за човекови права и ако открива доверливи информации од процесите што ги работи.
Втората точка на дневен ред беше и предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за Судскиот совет на РМ. По оваа точка беа поднесени осум амандмани и сите осум беа усвоени.
Овие два закона се дел од реформскиот пакет-закони што беше планирано да бидат донесени пред објавувањето на извештајот на ЕК за напредокот на Македонија.
На седницата присуствуваше и заменик-министерот за правда, Оливер Ристовски.
Како точки на дневен ред на денешната Комисија не се најдоа законите за кривичната постапка и јавно обвинителство бидејќи, како што дознава „Макфакс“, за овие закони власта и опозицијата не се усогласиле.
Виктор Јованов
Извор: Макфакс