Власта не ја изгласа заштитата на сведоци на СЈО – Законот ќе се усогласува со пратениците на ВМРО-ДПМНЕ
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Пратениците не ги изгласаа измените на Законот за заштита на сведоци, кој го бараше Специјалното јавно обвинителство. Собранискиот спикер Талат Џафери за „Макфакс“ потврди дека не се гласало за овој предлог-закон бидејќи не бил усогласен со пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Овој предлог-закон кој предвидуваше СЈО да може само да одлучува за заштита на сведоци во кривичните постапки, заедно со укинувањето на Законот за Советот за утврдување факти и одговорност на судии, ќе се гласаат по празниците.
Со овој предлог-закон му се даваат надлежности на СЈО во одлуката за вклучување во Програмата за заштита на сведоци. Доколку СЈО донесе одлука за вклучување во Програмата, тоа ќе го задолжи Одделението да склучи спогодба со лицето кое е вклучено во Програмата.
К. Л. / В. М.
Извор: Макфакс