Правдико

   

„Влатко Ѓорчев ги молеше како Господ да не нè напаѓаат“, се расплака телохранителот на Оливер Спасовски

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

„Лево од мене слушнав наредба – убијте ги! Масата одеднаш тргна кон нас. Бидејќи не можевме физички да ги спречиме, го извадив пиштолот и испукав 1 куршум во воздухот заради застрашување“, сведочеше во солзи телохранителот на Оливер Спасовски, Ацо Ангеловски, на денешното рочиште за настаните од 27 април. Тој видно вознемирен се присети дека водел сметка да не се одбие куршумот и да не ги повреди присутните. Ангеловски кажа дека 12 години работел во Собранието и знаел од реновирањето дека плафонот е со гипс-картон.

Двајца сакаа да ми го земат оружјето. Едниот од нив ми беше колега. Му реков: „Како не ти е срам?“, и се оттргна.

„Пред мене застана граѓанин со фантомка и ми удри четири бокса, со што ми ја раксина горната усна за што имам и медицинска документација“, сведочеше Ангеловски.

Тој рече дека се појавил пратеникот Влатко Ѓорчев кога го чул истрелот: „Влатко Ѓорчев застана пред нив и со жив штит нè бранеше. Ги знаеше со име и презиме. Некои од нив еднаш нè тепаа, другпат нè бранеа“.

Насобраните почнале да му викаат на Ѓорчев: „И ти ли се предаде? Те купија ли? И ти ли стана комуњар?“

Ангеловски рече дека го замолил Влатко Ѓорчев да не ги остава, на што добил потврда од пратеникот. „Влатко ги молеше како Господ да не нè напаѓаат“, рече сведокот и се присети дека по 15 минути, чул силна експлозија и заклучил дека влегла ЕБР или специјална единица.

Кога го однеле во канцеларијата на Влатко Ѓорчев, некој од медицинската екипа рекол: „Овој е готов, да го однесеме на клиника“.

„Ја откорнаа вратата на брзата помош за да нè извадат, а шоферот избега. Возачот на Никола Тодоров седна да вози“, рече Ангеловски.

Сведокот кажа дека кога претходно во текот на денот прашал одговорниот за надворешното обезбедување зошто има толку малку полиција, добил одговор дека полицајците користеле стар годишен одмор.

Денеска, покрај Ангеловски, во предметот за собранискиот упад треба да сведочат уште тројца сведоци.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико