Влегува во сила олеснувањето на санкциите спрема Куба | Правдико

Правдико

   

Влегува во сила олеснувањето на санкциите спрема Куба

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Новите правила за трговија и патување во Куба започнуваат со примена во петок. Американскиот оддел за финансии вели дека новите правила за релаксирање на ограничувањата за трговија и патување во Куба ќе бидат импелемнтирани од петок.

7D83D08B-8415-4BA6-B5FD-6E31D50481E8_w640_r1_s

Ова е чекор во насока на целта на администрацијата на Обама, најавена минатиот месец, за нормализирање на односите со комунистичката нација.

Во соопштение во четвртокот, секретарот за финансии Џек Лу изјави дека САД „сега се еден чекор поблизу до заменување на застарената политика која не функционираше“.

Според новите закони, Американците нема да имаат потреба да аплицираат за дозвола да патуваат за Куба по ниедна од десетина одобрени причини. На туристичките агенции и авио-компании ќе им биде овозможено да даваат услуги исто така без дозволи.

Но, општиот туризам во Куба и натаму е забранет. Адвокат од Вашингтон и експерт за закони поврзани со Куба, Роберт Мјуз, за Гласот на Америка рече дека се предвидени големи казни за лицата инволирани во неавторизирано патување во земјата.

Целосното укинување на неколку децении важечкото ембарго може единствено да го стори Конгресот, што е тешко веројатно во догледно време.

Извор: Глас на Америка

Препорачуваме

Партнери на Правдико