Правдико

   

Влијание на стереотипите и етничката дистанца за појава на дискриминација, говор на омраза и криминал од омраза

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Бројот на истражувањата на меѓуетничката интеракција во земјата ни открива дека интересот на научната јавност за овој тип на проблематика не кореспондира со комплексноста на етничката структура на општеството, како и со секојдневните проблеми кои произлегуваат од таквата структура и од механизмите на нејзиното политичко менаџирање. Масмедиумите, речиси, секојдневно објавуваат информации за изрази на недоверба, непријателство, напнати состојби, конфликти со етнички предзнак, но ова како да не е предизвик за посеопфатни истражувања за фундаментите на таквите манифестации на отпор или непријателство кон другиот.

Сепак, би можеле да се спомнат неколку истражувања на етничките феномени во државата реализирани од психолози и социолози од Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Едно од овие истражувања 1 , започнато со реализација во 1995 година од членовите на Институтот за социологија при Филозофскиот факултет имаше за цел да изгради методолошка рамка за континуирано следење на етничките феномени во државата. Зацртана цел беше истражувањето според подготвената методологија да се повторува во временски интервал од пет години.

За жал, членовите на Институтот отстапија од оваа цел, но затоа за подготвената методологија покажаа интерес нивни дипломирани студенти на постдипломските и докторските студии. Така, Фросина Ташевска- Ременски во 2003 година спроведува истражување на студентската популација, со тематика за која нагледно говори насловот на книгата во која се презентирани евидентираните состојби – “Албанците и Македонците: етничката интеракција во земјата, пред и по конфликтот во 2001 година”(Скопје, 2005). Во 2015 година, според блиската методологија, на млада популација (од 16 до 24 години) спроведено е истражување од истражувачки тим од правните факултети на Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, Државниот универзитет во Тетово и Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, поддржано од Мисијата на ОБСЕ во Скопје, чии резултати се презентирани во оваа студија

Целото издание можете да го превземете ТУКА

Партнери на Правдико