Влошување на односите помеѓу Русија и Запад: Светските лидери го бојкотираат Путин | Правдико

Правдико

   

Влошување на односите помеѓу Русија и Запад: Светските лидери го бојкотираат Путин

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Според наводите на медиумите од вкупно 68 поканети светски лидери, само 26 до сега ја прифатиле поканата да присуствуваат на воената парада која што на 9-ти мај, ќе се одржи во Москва. Списокот на оние кои ќе присуствуваат, а особено на оние кои ќе бидат отсутни е доказ за степенот на влошување на односите помеѓу Русија и Запад.

2170cba1-e75f-4681-bd55-a6c4d2949722-parada6

Меѓу оние кои го потврдиле своето присуство се кинескиот претседател Си Ѓинпинг и лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг Ун кому ова ќе му биде прва официјална посета во странство. Ќе присуствуваат и грчкиот премиер Алексис Ципрас, чешкиот претседател Милош Земан како и официјалните лица од Индија, Јужна Африка, Монголија, Виетнам, Куба и Србија.

Меѓутоа францускиот претседател Франсоа Оланд, како и британскиот премиер Дејвид Камерон најавија дека нема да присуствуваат на церемонијата.

Воената парада во Москва нема да ја проследи ниту американскиот претседател Барак Обама, бидејќи Белата куќа наведе дека тој во мај не планира никакво патување во Русија.

Германската канцеларка Ангела Меркел исто така ја одбила поканата, но дипломатски навела дека во Москва ќе дојде еден ден подоцна, со намера да положи венец, додека Полска најави дека сама ќе организира своја прослава.

-Присуството на западните лидери на воената парада би значело нивно признавање на политиката на Кремељ, преку сеќавањата на војната – изјави за „Франс прес“ политичката аналитичарка Љиља Шевцова. Кремељ од своја страна го минимизира „отсуството“ на лидерите , со образложение дека повеќето држави „сфаќаат дека Советскиот сојуз одиграл значајна улога во падот на нацизмот“.

Инаку Русија најави дека оваа година церемонијата ќе биде посвечена во однос на минатите и дека околу 2,5 милиони живи ветерани ќе добијат медали, а воени паради ќе бидат организирани ширум државата и во повеќето поранешни советски републики.

Пред Кремељ каде што ќе парадираат војници од десет држави, руските ќе носат советски униформи од Втората светска војна, а покрај нив ќе биде најновата воена опрема на руската војска, која последниве години е модернизирана во голема мерка. Недоаѓањето на официјалните лица од Запад, Русите го сметаат за непочитување.

-Тоа што Барак Обама нема да дојде е негов проблем. Светот не зависи од неговата добра волја- рекол Владимир Јевсејев, директор на Центарот за политички науки во Москва.

Извор: еМагазин

Партнери на Правдико