ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе кривична пријава против Мисовски и Мухиќ | Правдико

Правдико

   

ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе кривична пријава против Мисовски и Мухиќ

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе кривична пријава против пратениците од Ферид Мухиќ и Горан Мисовски од коалицијата предводена од СДСМ, кои што имаа клучна улога во постапката за избор на Талат Џафери за претседател на Собранието. Ова преку својот Фејсбук профил го објави пратеникот Антонио Милошоски, како заклучок од состанокот што во кабинетот на досегашниот претседавач го оддржуваат Вељаноски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и останатите пратеници од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој соопшти дека пратениците од коалицијата “За подобра Македонија” ги реафирмираат следните позиции:

– Секој Пратеник има мандат и должност да го почитува и штити Деловникот на Собранието, Законите и Уставот на Република Македонија

– Ниедна политичка амбиција на политичар или политичка партија, ниедна Платформа заверена во туѓа држава, не дава право за кршење на деловничката процедура како дел од демократијата во Собранието

– Обидот за избор на Претседател на Собранието со кршење на Деловникот и Законите е нелегален и ниеден политички притисок тоа не може да го покрие

– Против пратениците Мухиќ и Мисовски, кои превземаа неделовнички дејствија и предизвикаа политичко насилство, ќе поднесеме кривични пријави до надлежните институции

– На Македонија во овие тешки и многу чувствителни моменти не и потребен нелегален Претседател на Собранието, нелегална Влада и создавање на тешки политички преседани со формирање на паралелни институции спротивни на Уставот кои можат да предизвикаат штетни и непоправливи последици

– Платформата од Тирана не е поважна од Деловникот на Собранието, Законите и Уставот на Република Македонија

– Пратениците во Собранието имаат мандат од граѓаните, граѓаните се носители на суверенитетот во Република Македонија и нивниот став е најбитен, без разлика дали е изразен на избори или на демократски протести

– Ниту политичкото насилство, ниту физичкото насилство во Собранието не се за оправдување, ниту пак заради насилни поединци некој има право целиот мирољубив народ да го нарекува терористи”.

Извор: Утрински

Препорачуваме

Партнери на Правдико