ВМРО-ДПМНЕ ќе учествува на седницата за законот за јазиците | Правдико

Правдико

   

ВМРО-ДПМНЕ ќе учествува на седницата за законот за јазиците

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Пратениците од опозицијата ќе учествуваат на седницата за законот за употреба на јазиците, која, според најавите, треба да биде закажана за утре. Ова го потврди претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој не сакаше да открие како опозицијата ќе дејствува, туку единствено порача дека бараат разгледување на амандманите и отворање амандманска расправа. Мицкоски истакна и дека во минатото партијата повикувала за разум, почитување на законите, Деловникот на Собранието и Уставот на Македонија.

„Повикувам на почитување на Деловникот и на законите бидејќи ова не смее да се дозволи, лошо ќе влијае за имиџот на Република Македонија и пред меѓународната заедница и пред домашната јавност. За последен пат повикувам на разум да се избегне едно девијантно однесување во парламентот, насилно усвојување на овој закон и повикувам на почитување на Деловникот и разгледување на амандманите и отворање амандманска расправа, што ВМРО-ДПМНЕ ја очекува утре. Сè друго ќе предизвика реперкусии и за тој што ќе се одлучи да ги прекрши законите и сите оние што ќе го поддржат во таа постапка“, порача Мицкоски од Струмица.

Законот за употреба на јазиците е во трето читање во Собранието, а од ВМРО-ДПМНЕ поднесоа 35.569 амандмани со образложение дека законот е неуставен и треба да се повлече.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико