Правдико

   

ВМРО-ДПМНЕ поднесе предлог за дополнување на Законот за водостопанство

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ денеска во собраниска процедура поднесоа предлог на закон за дополнување на Законот за водостопанство.

„Од информациите што ги добивме на терен, одредени земјоделци се самоорганизираат и си формираат водни заедници со сопствени средства, односно изградија систем во кој набавија пумпи, црева, распрскувачи и слично. Проблемот, како што ни посочија земјоделците, е во постојниот Закон за водостопанство, кој предвидува овие приватни здружени водокорисници, односно имот и опремата да бидат преземени и со нив да стопанисува АД Водостопанство на Република Македонија, Скопје“, изјави Никола Мицевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Оттука, вели тој, овие дополнувања на Законот за водостопанство предвидуваат да не се врши преземање на овие правни субјекти туку да склучат договор за размена на податоци и други услуги во интерес на водостопанството.

„Сметаме дека со овие дополнувања на Законот за водостопанство ќе придонесеме за заштита на сите земјоделци кои се решиле да се организираат во земјоделски задруги, односно во случајот во водни заедници каде што сопственоста на опремата и системот е целосно приватна и истовремено сметаме дека ова ќе значи поттикнување за кревање на свеста кај земјоделците за здружување во земјоделски заедници кои претставуваат позитивни примери во повеќето европски земји“, рече Мицевски.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико