ВМРО-ДПМНЕ со предлог-законот за амнестија бара ослободување на сите осомничени или осудени за крвавиот четврток
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Со предлог-законот за амнестија, ВМРО-ДПМНЕ бара лицата осомничени, обвинети или осудени за собраниските настани од 27 април 2017 година да се осободат од кривично гонење, да се запрат поведените постапки и целосно да се ослободат од издржување на казната затвор.
Законот се однесува за лицата за кои се води постапка поради сторени кривични дела „насилство“, „учество во толпа што ќе изврши кривично дело“ и кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок“, но и за другите кривични и прекршочни дела согласно со позитивно-правните прописи.
„Лицата осудени со правосилна пресуда на казна затвор за кривични дела пропишани со кривичниот законик или други закони кои на денот на влегувањето во сила на овој закон започнале издржување на казната затвор а во врска со настаните во Собранието од 27 април 2017 година, се определува бришење на осудата и се укинува правната последица на осудата заклучно со денот на влегување во сила на овој закон“, стои во текостот на предлог-законот.
Споредувањето на предлог-законот, според текстот, не предизвикува финансиски последици врз буџетот на државата и другите јавни финанскиски средства.
„Постапката за примена на овој закон за лицата против кои е во тек кривична постапка ја поведува по службена должност првостепениот суд пред кој се води постапката, надлежниот јавен обвинител или осомниченото, односно обвинетото лице кое во корист на обвинетиот може да изјави жалба“, стои во текстот.
Според предлог-законот, решението за амнестија според одредбите го донесува судот што ја донел првостепената одлука во рок од пет дена од приемот на барањето.
Извор: Макфакс