Во 2015 трошоците на живот помали за 0.3 проценти | Правдико

Правдико

   

Во 2015 трошоците на живот помали за 0.3 проценти

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

buy localСпоред податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот во декември 2015 година, во однос на претходниот месец, изнесува 99.9, а индексот на цените на мало 100.1. Во 2015 година, во однос на 2014 година, индексот на трошоците на животот бележи намалување од 0.3%, а  индексот на цените на мало бележи намалување од 1.3%.

Движењето на индексот на трошоците на животот во 2015 година беше различно по одделни групи  на потрошувачка.

Намалување на индексите е забележано во групите Транспорт за 9.0% и Комуникации за 4.9%.  Пораст на индексот е забележан во групите: Алкохолни пијалаци, тутун за 5.4%, Мебел, покуќнина  и одржување на покуќнината за 2.0%, Здравје за 1.5%, Ресторани и хотели за 1.2%, Домување, вода,  електрика, гас и други горива за 1.1%, Рекреација и култура за 0.8%, Облека и обувки за 0.4%, Храна  и безалкохолни пијалаци и Образование за 0.1%.

Групата Останати стоки и услуги е на ниво од претходната година.

Движењето на индексот на цените на мало во 2015 година, исто така, беше различно по одделни  групи на производи.  Намалување на индексите е забележано во групите: Индустриско-непрехранбени производи за  3.4% и Услуги за 0.7%. Пораст на индекситe е забележан во групите: Земјоделски производи за 3.3% и Пијалаци за 0.6%.  Групата Индустриско-прехранбени производи е на ниво од претходната година.

Индексот на трошоците на животот во декември 2015 година, вo споредба со декември 2014 година, забележа намалување од 0.3%, а индексот на цените на мало забележа намалување од 0.4%.Индексот на трошоците на животот во декември 2015 година, во однос на претходниот месец, забележа намалување од 0.1%.

Намалувањето на индексот на трошоците на животот во декември 2015 година, во споредба со претходниот месец, е резултат на пониските индекси на овошјето за 6.1%, рибата за 2.1%, конзервираната риба за 1.0%, другите неспомнати прехранбени производи за 0.7%, месото, свежото млеко и сувото овошје за 0.3% и тестенините за 0.2%.

Исто така, во декември 2015 година, намалување на индексот на трошоците на животот е забележано кај болничките услуги за 7.6%, течните горива за домаќинствата за 7.5%, лековите за 1.6%, течните горива и мазива за 0.7%, гасот за домаќинствата за 0.3%, електричните апарати-големи за домаќинствата и игрите, играчките и хоби за 0.2%.

Пораст на индексите на трошоците на животот во декември 2015 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај јајцата за 1.1%, другото месо и зеленчукот за 0.7%, другите млечни производи, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 0.3%, лебот и житариците, сувомеснатите производи и преработките од млеко за 0.2%.

Исто така, во декември 2015 година, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај услугите за сместување за 15.3%, пакет-туристичките аранжмани за 6.9%, авионскиот превоз на патници за 6.0%, стоматолошките услуги за 0.9%, другите производи за одржување на станот, телефонските и факс апаратите и услугите за 0.6%, материјалите за одржување и поправки на станот и електричните апарати-мали за
домаќинствата за 0.4%, обувките, цврстите горива за домаќинствата, услугите и средствата за лична хигиена за 0.3%, мебелот и информатичката опрема за 0.2%.

Препорачуваме

Партнери на Правдико