Правдико

   

Во 29 држави во светот има одмазда кон луѓе кои соработувале со ОН

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Рекорден број од 29 држави меѓу кои Кина, Иран и Саудиска Арабија минатата година им се одмаздувале на граѓаните кои соработувале во Обединетите нации, објави канцеларијата на ОН за човекови права.

– Тоа биле луѓе жртви на киднапирање, притворани, и исчезнувале, изјави Ендрју Гилмур, помошник на генералниот секретар на ОН за човекови права.

Во извештајот се вели дека девет од вкупно 29 држави од извештајот, се членки на Советот за човекови права на ОН.

Тоа е осми годишен извештај во кој се укажува на одмазда поради соработка со ОН.

– Гротескно и целосно спротивно со Повелбата на ОН, особено на Советот за човекови права, е луѓе да бидат казнувани, да им се закануваат и одмаздуваат поради соработка со ОН за прашања за човекови права, изјави Гилмур.

Ниту една од тие држави не одговорила на забелешките.

Извор: Нова Македонија

Партнери на Правдико