Во Албанија запленети 20 тони дрога
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Албанската полиција во голема акција во градовите Валона, Тирана, Елбасан, Лежа, Пермат, Скадар, Кукс и други заплени над 20 тони дрога.
Според весникот „Мапо“, само во Валона во јужна Албанија полицијата запленила 15 тони марихуана. Весникот наведува дека акцијата била водена лично од директор на албанската полицијата, Хаки Чако, кој изјавил дека дрогата кај Валона е откриена во селото Лакатунд, при што се уапсени повеќе албански државјани, но има уапсени и припадници на полицијата.
По големите критики што ги добива официјална Тирана од страна на ЕУ и барањето за стопирање на призводоството на дрога во земјата, премиерот Еди Рама по победата на изборите на 25 јуни најави максимални мерки за пресметка со трговците со дрога.
Според меѓународните институции, Албанија моментално е главен производител на марихуана.
МН
Извор: Макфакс