Во април заедничка седница на владите на Косово и на Македонија | Правдико

Правдико

   

Во април заедничка седница на владите на Косово и на Македонија

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Косовскиот премиер Иса Мустафа на денешната седница на владата во Приштина соопштил дека за наредниот месец планирана е заедничка седница на косовската и македонската влада.

24032015195929_kosovo-government-april-24-565x342

– Имаме повеќе прашања како и иницијативи од двете страни. Ќе вложиме напори да ги конкретизираме предлозите и нашите ориентации во еден што покус временски рок и ќе ги хармонизираме со цел седницата да се одржи наредниот месец- изјавил Мустафа.

Според него, на заедничката седница се очекува да се постигне договор за одредени прашања кои ќе ја олеснат соработката во економијата и другите области со Македонија.

По двете седници со албанската, за косовската влада седицата со македоската ќе биде со влада на втора држава од соседството. Македонската влада пак веќе имаше заеднички седници со владите на Србија и на Бугарија.

Извор: Нова Македонија

Препорачуваме

Партнери на Правдико