Во БиХ се појави дрогата ајс, 10 пати посилна од кокаинот
© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Опасната дрога ајс, за која експертите велат дека е 10 пати посилна и поразорна од кокаинот, се појави и во Босна и Херцеговина.
Полицијата во Бијелина запленила седум грама дрога и досега тоа е единственото подрачје во БиХ каде што беше пронајдена, пренесува порталот „Кликс“.
Три лица се уапсени во Бијелина, додека по другите шест се трага.
Покрај дрогата ајс, пронајдени се марихуана, спид и екстази.
Извор: Макфакс