Правдико

   

Во Битола прегазен шестгодишен велосипедист

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

На 12.07.2020 во 19.48 часот било пријавено дека во Битола, на крстосница од ул.„Баталјон Стив Наумов“ и ул.„Сремска Митровица“, патничко возило „пежо 106“, со битолски регистарски ознаки, управувано од Д.Ј.(58) од Битола, удрило во шестгодишен велосипедист од Битола. Во незгодата, велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Клиничката болница Битола за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Битола.

Партнери на Правдико