Во Богданци ќе се гласа на референдум за рудникот во Казандол
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Едногласно со 11 гласа „за“ Советот на општина Богданци изгласа референдум во врска со рудникот во Казандол, кој ќе биде одржан на 11 јуни, 2017 година.
Претходно Советот на општината Валандово со седум гласа „за“ и осум гласа „воздржани“, ја отфрли иницијативата за распишување на референдумот за работа на рудникот „Казандол“.
Граѓанското здружение „Спас на Валандово“ ја покренаа иницијативата пред неколку дена, откако граѓани во Гевгелија се побунија против изградбата на рудници за злато во нивната околина, по што гевгелискиот Совет распиша референдум кој беше успешен.
Валандовци најавуваат дека ќе ја продолжат борбата со собирање на потписи. Условот е да соберат минимум 20 отсто од вкупниот број на гласачи за да се распише референдумот.
Извор: Нова Македонија