Во бомбашки напад во Нигерија загинаа над 30 луѓе
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Бомбаш самоубиец активирал експлозив во една железничка станица во Нигерија при што загинале над 30 луѓе додека 80 други биле ранети.
За овој напад властите ги обвинуваат екстремистите на Боко Харам.
Пред три недели во бомбашки напади во Нигерија беа убиени четирисетина луѓе. До сегашниот напад дојде само неколку дена откако претседателот Мухамаду Бухари соопшти дека Боко Харам наскоро ќе биде поразен.
Околу 20 илјади загинаа во шестгодишната борба со исламистите во таа земја.
Извор: Радио Слободна Европа