Правдико

   

Во Брисел пронајдена „фабриката“ за бомбите во Париз

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Стан во бриселска населба Schaerbeek веројатно бил користен од еден од организаторите на париските напади, Салах Абдеслам.

brisel-policija-ap-main

Белгиските обвинители изјавија денеска дека е извршен претрес на стан во Брисел, за кој веруваат дека бил користен како „фабрика за бомби“ кои се употребени за време на нападот во Париз на 13 ноември минатата година.

Федералниот обвинител Ерик Ван дер Сипт изјави дека станот во населбата Schaerbeek веројатно е користен од еден од организаторите на париските напади, Салах Абдеслам, кој во него се криел после 13 ноември, јавува АП.

Во тој стан, на третиот кат, полицијата за време на претресот во декември откри и рачно изработени појаси кои може да се користат за носење на експлозив и на нив се пронајдени отпечатоци од Салах кој се уште е во бегство.

Лажен идентитет

Во соопштението се вели дека полицијата пронајде материјал кој може да се користи за правење експлозив, како и високо запалив експлозив TATP.

Станот на третиот кат од една зграда во населбата Schaerbeek во Брисел е претресен на 10 декември, соопшти Канцеларијата на обвинителот.

Според Канцеларијата, станот е изнајмен од страна на лице со лажен идентитет, и можно е да го користел еден од десетте уапсени во Белгија во врска со нападите во Париз на 13 ноември, во кој загинаа 130 лица.

Партнери на Правдико