Правдико

   

Во буџетот нема доволно пари за судската власт

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

sud-vnatreСогласно одредбите на Законот за судскиот буџет уредено е дека делот на средствата за судска власт во буџетот на Република Македонија потребни за функционирање на единките корисници треба да се утврдат во износ од најмалку 0,8 отсто од бруто домашниот производ со одредена динамика започнувајќи од 2012 година до 2015 година, согласно која за 2014 година предвидено е ниво на одобрени средства во висина од 0,7 отсто од бруто домашниот производ, укажува Државниот завод за ревизија во извештајот за основниот буџет за 2014 година.

Со анализа на податоците добиени од главната трезорска книга за рзделот-судска власт, ревизорите утврдиле дека со буџетот за 2014 година биле планирани средства од околу 0,4 отсто од бруто домашниот производ за 2013 година односно во износ од 1,768 милиони денари, додека за 2013 година биле одобрени средства во износ од 1,761 милиони денари.

„Наведените состојби укажуваат дека вака воспоставената динамика на одобрување средства во рамките на буџетот на судската власт создава ризик да не се достигне законско утврденото ниво на буџетот предвиден за судската власт во висина од 0,8 отсто од БДП заклучно со 2015 година, потребен за функционирањето на единките на судската власт. Потребно е надлежните институции во соработка со Судскиот буџетски совет да преземат активности за обезбедување на средствата за судската власт во буџетот на Република Македонија“, се вели во извештајот на ДЗР.

Извор: E-magazin

Партнери на Правдико