Во Бугарија без ПЦР-тест ќе влегуваат учениците и студентите од Македонија
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Од денеска учениците и студентите од Грција, Турција, Србија, Северна Македонија и од Романија, кои патуваат дневно или барем еднаш неделно во Бугарија поради образование, повеќе не треба да обезбедуваат документ со кој се докажува негативен тест на коронавирус при влез во земјата.
Истото тоа важи и за студентите што живеат во Бугарија, но патуваат во една од петте земји со цел образование, секојдневно или барем еднаш неделно.
Наредбата ја издаде бугарскиот министер за здравство, Костадин Ангелов.
Извор: Макфакс