Во Бугарија и во Романија има најниска цена на работната рака во ЕУ | Правдико

Правдико

   

Во Бугарија и во Романија има најниска цена на работната рака во ЕУ

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Просечната цена на работната рака во економијата на ЕУ во текот на 2012 година (со исклучок на земјоделието и јавната администрација) изнесувала 24,2 евра, а во еврозоната – 29,3 евра, покажуваат податоците на Евростат

report-ready-bulgaria-romania-975

Поголеми разлики, меѓутоа, постојат меѓу одделните земји членки, па така, цената на работната рака во Бугарија е најниска во цела ЕУ и изнесува 3,4 евра на час, додека во Данска таа е највисока и изнесува 40,1 евра. Во Романија цената на работната рака просечно изнесува 4,1 евра.

Положбата е речиси иста и во производствениот сектор, каде  Бугарија и Романиjа, исто така, се наоѓаат на крајот од редот (соодветно со 2,8 евра и 3,7  евра на час), а на почетокот на листата се Белгија со 42 евра и Шведска со 41,4 евра.

Во сите земји на ЕУ најскапа е работната рака во  финансискиот сектор и осигурувањето, а во Романија таа изнссува 136 отсто над просечната во земјата.

Извор: Нова Македонија

Препорачуваме

Партнери на Правдико