Во четири бразилски затвори пронајдени 42 мртви затвореници | Правдико

Правдико

   

Во четири бразилски затвори пронајдени 42 мртви затвореници

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Телата на 42 затвореници беа пронајдени во четири затвори во северозападниот дел на Бразил, само еден ден откако 15 лица беа убиени во меѓусебна пресметка, според aгенцијата „Бразил“.

Двата настанa се случија во затворите во Манаус, главниот град на амазонското подрачје.

Според првичните извештаи, на сите жртви пронајдени вчера има видливи знаци на задушување. Неколку тела беа пронајдени и во затворот „Компај”, каде што 15 затвореници беа убиени во неделата.

Во амазонските затвори, нивото на безбедност е зголемено. Неделните конфликти се случија во текот на времето закажано за посети на затворениците, а затворениците меѓусебно се нападнаа со оружје од домашно производство. Специјалната полициска единица беше испратена во затворот Компај, а истрагата за причините за смртта на пронајдените затвореници сè уште е во тек.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико