Во четврток со почеток во 11 часот прес конференција на СЈО за две нови истраги | Правдико

Правдико

   

Во четврток со почеток во 11 часот прес конференција на СЈО за две нови истраги

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Преку Фејсбук и Твитер специјалното обвинителство најави дека јавноста во четврток ќе слуше уште две нови истраги.

sjo simbol amblem

На 20.10.2016 година со почеток во 11:00 часот во просториите на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите ќе се одржи прес конференција на која ќе бидат презентирани две нови истраги.

Иако СЈО не изјави за кои две нови истраги станува збор, според најавите од неколку македонски медиуми, најверојатно станува збор за истраги поврзани со финансиски криминал.

Тимот на Катица Јанева најверојатно ќе ги обелодени сомневањата за криминални активности поврзани со „Сончев град“,случај кој го истражува повеќе од пет месеци.

Партнери на Правдико