Правдико

   

Во чии раце е богатството на Европа?

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Околу една четвртина од Европјаните, односно 123 милиони луѓе живеат во сиромаштија, додека само 1% од најбогатите поседуваат една третина од европското богатство.

3482ce6c-d2cd-4fa8-af86-a94a0f3bcf13-183189294755f06624cd2bf976492324_w640
Со други зборови, седум милиони најбогати Европјани поседуваат исто ниво на богатство како 662 милиони најсиромашни грѓани.

Ова го покажуваат податоците на извештајот “Европа во служба на мнозинството“ на меѓународната организација за развој Оксфам во кое се осветлува фактот дека растечката нееднаквост оневозможува ефикасна борба против сиромаштија.

Помеѓу 2009 година и 2013 година, бројот на Европјани кои веќе не се во можност да платат сметки за греење, ниту пак да се соочат со непревидени трошоци пораснал за 7,5 милиони на вкупно 50 милиони, пренесува белгискиот весник Еко.

Според податоците на банката Кредит Свис, додека помалку од еден процент најбогати Европјани поседуваат третина од вкупното богатство на континентот, 40% најсиромашни располагаат со помалку од еден процент од вкупното нето богатство на Европа.

Во Европа во моментов живеат 342 милјардери, наведува Оксфам. Во извештајот се подвлекува огромното влијание на најбогатите поединци, мултинационални компании и интересни групи на европските политичари.

Оксфам потсетува дека е крајно време Европа повторно да ја превземе улогата на светски лидер и да промовира прогресивна програма која ке се однесува на сите, а не само на моќната и богата елита.

Извор: еМагазин

Партнери на Правдико