Во ДИК до денеска се пријавиле 8.258 граѓани од дијаспората за гласање на изборите | Правдико

Правдико

   

Во ДИК до денеска се пријавиле 8.258 граѓани од дијаспората за гласање на изборите

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Преку веб-апликацијата на Државната комисија, до денеска, 7 ноември, до 14 часот, поднесени се вкупно 10.235 пријави од граѓани за гласање во странство.

dik-1-860x680

Од нив, 8.258 пријави се прифатени, 166 се одбиени, а другите се во обработка.

ДИК соопшти дека најголем број пријави, повеќе од 1.000, досега се поднесени за гласање во Берн, Венеција и во Детроит.

ДИК напоменува дека најголем дел од одбиените пријави се одбиени од причина што граѓаните наместо документ издаден од надлежен орган на странската држава, како доказ во својата пријава приложиле документ издаден од орган на Република Македонија.

До вчера, 6 ноември, до 19 часот, во подрачните одделенија и канцеларии на ДИК во земјава, јавен увид во избирачкиот список извршиле вкупно 4.236 граѓани.

Во однос на пријавувањето на 29.858 граѓани чии записи по извршените вкрстени и теренски проверки останале неконзистенти во избирачкиот список, ДИК информира дека заклучно со денеска до 14 часот, преку веб-апликацијата пријавување за запишување во избирачкиот список извршиле вкупно 552 граѓани. Од нив, 540 пријави се прифатени, четири се во обработка, а осум се во фаза на разгледување.

Извор: Мета

Препорачуваме

Партнери на Правдико