Во Дрисла уништени 1.876 парчиња фалсификати | Правдико

Правдико

   

Во Дрисла уништени 1.876 парчиња фалсификати

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

imagesЦаринската управа, во соработка со Координативното тело за интелектуална сопственост и застапниците на трговските марки регистрирани на територијата на Република Македонија на 11.12.2015 година во депонијата Дрисла спроведе уништување на фалсификувана стока.

Во рамки на оваа активност под царински надзор беа уништени вкупно 1.876 парчиња фалсификувани производи од кои 250 модни додатоци, 350 парчиња слушалки, 598 парчиња фудбалски топки, 59 парчиња часовници, 209 пара спортски обувки, 89 парчиња жилети за бричење, 96 парчиња детски играчки, 224 парчиња амблеми и едно парче мобилен телефон.

Сета уништена стока е запленета од страна на Царинската управа. За предметната стока е потврдено дека повредува права од интелектуална сопственост на реномирани заштитени трговски марки.

Еден од главните приоритети на Царинската управа на Република Македонија е унапредување на институционалниот и административен капацитет за ефикасна и ефективна борба против фалсификатите и пиратеријата, преку воведување на зајакнати мерки на царинска контрола за откривање и спречување на увоз, транзит и извоз на стоки што го повредуваат правото од интелектуална сопственост, како и зголемена соработка со носителите на ова право и нивните застапници во Република Македонија од една страна со сите надлежни институции во земјата и странство од друга страна.

Царинската управа презема бројни активности во борбата против фалсификувањето и пиратеријата и ќе продолжи со борбата против фалсификатите и пиратеријата, во насока на заштита на животот, здравјето и безбедноста на граѓаните, економијата и буџетот на државата и општеството во целина.

Препорачуваме

Партнери на Правдико