Во Дрисла уништени 2.195 парчиња фалсификати
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.По повод одбележувањето на Светскиот ден на интелектуалната сопственост Царинската управа во соработка со Координативното тело за интелектуална сопственост и застапниците на трговските марки регистрирани на територијата на Република Македонија на 26.04.2016 година во депонијата Дрисла спроведе уништување на фалсификувана стока.
Во рамки на оваа активност под царински надзор беа уништени вкупно 2.195 парчиња фалсификувани производи од кои 1.104 детски играчки, 653 додатоци за мобилни телефони, 108 модни додатоци, 72 парфеми, 223 обувки и 35 клучеви за автомобили. Целата оваа уништена стока е запленета од страна на Царинската управа. За предметната стока е потврдено дека повредува права од интелектуална сопственост на реномирани заштитени трговски марки.
Еден од главните приоритети на Царинската управа на Република Македонија е унапредување на институционалниот и административен капацитет за ефикасна и ефективна борба против фалсификатите и пиратеријата, преку воведување на зајакнати мерки на царинска контрола за откривање и спречување на увоз, транзит и извоз на стоки што го повредуваат правото од интелектуална сопственост, како и зголемена соработка со носителите на ова право и нивните застапници во Република Македонија од една страна со сите надлежни институции во земјата и странство од друга страна.
Царинската управа презема бројни активности во борбата против фалсификувањето и пиратеријата и ќе продолжи со борбата против фалсификатите и пиратеријата, во насока на заштита на животот, здравјето и безбедноста на граѓаните, економијата и буџетот на државата и општеството во целина.